Шницлите измијте ги под млаз ладна вода и исушете ги со кујнска хартија. Исчукајте ги со кујнски чекан за да добиете тенки шницли. Посолете ги малку од двете страни. Премачкајте ги од едната страна со по едно лажиче сенф и ставете врз секоја шницла по едно парче шунка.
На краставичките отстранете им ги врвовите и пресечете ги во тенки ленти. Ставете по неколку на одредено растојание врз секоја шницла. Замотајте ролат и прицврстете со дрвени чепкалки или метални игли за увијачи.
Пржете ги во тава на загреан зејтин додека да поцрвенат од сите страни. Додадете ја врелата говедска супа, намалете ја температурата на средна, поклопете ја тавата со капак и оставете ги така на тивко да крчкаат 10-12 минути. После 5-6 минути превртете ги од другата страна.
Кога се готови, извадете ги и завиткајте ги во фолија.
Во тавата каде се пржеа, додадете ја павлаката за готвење и зачините. Оставете да зоврие па ставете го и густинот растворен во водата. Промешајте и оставете 1 минута да проврие. Вратете ги ролованите шницли назад во сосот, исклучете ја ринглата, поклопете ја тавата со капакот и оставете ги шницлите во сосот да отстојат околу 5 минути.
Послужете ги топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани