Сланината ја сечеме на тенки лентички.
Ја наросуваме сув босилек, сол, црн бибер и малку црвен пипер.
Попрскуваме по должината пармезан и ја виткаме на стапче за ражнич.
Така наредени стапчињата ги ставаме да се пржат.
Сега да појаснам што дознав за пржењето.
Секогаш кога се пржи сланина се пржи во ладна тава.
Значи не се загрева маслото, па да се пушти сланината туку на ладно масло се редат ражничињата.
Сланината во својот состав има два различни ткива, мускулесто и масно, а тие две различно се готват.
Затоа постепено притиснете со шпатула да се испржи секаде рамномерно.
При пржењето, вадете ја маснотијата, а откако ќе се испржи редете ја на чинија обложена на салфета.
Вака подготвената сланина служете ја топличка.

За да не ви загорува, користете ја Делимано Делиција тавата за пржење.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови