Спанаќот го чистиме, и го сецкаме па потоа го обаруваме, додека не изврие цела вода, па после му го дадаваме јајцето.Откако ке го изпржеме спанаќот со јајцето оставаме смесата да се излади, за подоцна да можеме да ја додаме изварката.
Во меѓувреме ги мешаме киселата вода и масло со кои подоцна ке ги премачкуваме корите. Откако смесата ќе се излади ја додаваме изварката и мешаме додека не добиеме хомогена смеса. Секоја кора ја делиме на пола по должина,и започнуваме на тој начин што првата половина ја премачкуваме со мешавината од кисела вода и масло, и потоа на неа ја ставаме и другата половина, па ставаме една лажичка од спанаќот, и виткаме ролна. Истото го повторуваме и со останатите кори.Сите така добиени ролнички ги ставаме во намрсена тава, па одгоре сите кори повторно ги прмачкуваме со мешавината од кисела вода и масло , доколку ни остане од спанаќот и до него ставаме од горе.
Потоа ја ставаме тавата во загрена рерна, и печеме околу 20-на минути на околу 200 степени, односно додека не поруменат ролничките. Откако ке се испечат и ке ги изавадиме оставаме малку да се оладат, па ги сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови