Пред подготовка на ролните,се динста исчистениот спанаќ со малку зејтин и сол.Откако ќе олади се додава кон урдата и се заедно се меша.
За преливот за корите се меша 1јајце,1 белка ,400 милилитри кисела павлака,50 милилитри зејтин.Се мати со вилушка.Од овој прелив се земаат 4 лажици и се мати со 1 жолчка.Со ова ќе ги премачкуваме ролните одозгора.
Секоја кора се премачува со 3-4 лажици од преливот,се преклопува на половина и на едниот крај се додава од филот со урда и спанаќ и се мота ролна.Кога сите ролни се готови,се пречкуваат одозгора ,се поросуваат со лен или сусам и се печат на 180-200 степени околу 25 минути додека да поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови