Испечати

Ролнички со спанаќ и урда(со готови кори)

Ролнички со спанаќ и урда(со готови кори)

Состојки

  • Состојки
  • 400 гр готови кори
  • 250 гр урда
  • 250 гр исчистен спанаќ
  • Прелив за корите
  • 400 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • 50 мл зејтин
  • За поросување потребен е ленили сусам

Подготовка

Пред подготовка на ролните,се динста исчистениот спанаќ со малку зејтин и сол.Откако ќе олади се додава кон урдата и се заедно се меша.
За преливот за корите се меша 1јајце,1 белка ,400 милилитри кисела павлака,50 милилитри зејтин.Се мати со вилушка.Од овој прелив се земаат 4 лажици и се мати со 1 жолчка.Со ова ќе ги премачкуваме ролните одозгора.
Секоја кора се премачува со 3-4 лажици од преливот,се преклопува на половина и на едниот крај се додава од филот со урда и спанаќ и се мота ролна.Кога сите ролни се готови,се пречкуваат одозгора ,се поросуваат со лен или сусам и се печат на 180-200 степени околу 25 минути додека да поруменат.