Ролат торта со слатка павлака
Загрејте ја рерната на 200 степени. На плех 30х40 см. ставете хартија за печење.
Одделете ги жолчките од белките. Белките изматете ги со прстофат сол. Додека се добие мек снег. Додајте ги жолките, шеќерот и врелата вода. Матете додека стане пенасто и почнува да побелува. Додајте го просеаното брашно со пециво и какаото. Измешајте со лопатка да нема грутчиња.
Смесата сипете ја во плехот, израмнете и ставете да се пече на 200 степени околу 20 мин. или додека има кафенеста боја. Уште топол пандишпанот завиткајте го во ролат, од пократката страна кон подолгата. Оставете скроз да се излади.
За тоа време изматете ја слатката павлака до потребната густина. Додајте го сечканото овошје или јаткасти плодови. Јас ставив 100 гр. ситно сечкани печени лешници. А ако ставате овошје и не мора да го сечкате ситно. Исечете го на плочи, само тоа нека биде на пример-банани, јагоди, киви, ананас......
Оладениот пандишпан одролајте го. Исечете го на 5 еднакви траки, тоа значи по 6 см. или исечете го на 4 за повисока торта.
Секоја трака намачкајте ја со слатка павлака (оставете малку и за декорација).
Првата трака заролајте ја како ролат. Ставете ја на поголема тркалезна чинија во центарот. Сега земете ја и вторта, таа не ја виткајте, туку со неа обложете ја завитканата кора-од таму кај што завршила ставете ја другата-да дојде како круг. Ако го имате овошјето исечкано на плочки, тогаш на секоја лента залепете од овошјето и заролајте. За полесно да ги пренесувате корите бидејќи се долги пресечете ги на половинки, а лепете ги како една цела. Кога ја завршивте цела украсете ја со останата павлака. Оставете ја во фрижидер 1 час малку да се стегне. Сечете парчиња со нож кој при секое сечење ќе го ставате во чаша со млака вода. Мене ми излезе торта со дијаметар 20 см.
На сликата јас ставив многу шлаг во филот, ама вие ставајте по малку за да се добие убава шара.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Листајќи си го стариот тефтер со рецепти, наидов на ваков начин на торта која носеше интересно име... баш идентично и решив еден убав сончев ден кога нема да ме мрзи да ја испробам конечно и да ја препишам, споделам овде ;)