Ролат со туна (посно)
Еве ви еден рецепт кој може да го искористите за посните денови. Убав декоративен ролат кој што може да биде дел од вашата посна слава.
Обландата се става помеѓу две влажни крпи да омекне
Туната ја цедиме убаво од маснотијата, а киселите краставички ги сецкаме на мали коцки.
Пенесто го матиме маргаринот во длабок сад. Во него ја додаваме исцедената туна и матете со миксер. Го исклучуваме миксерот. Ги додаваме пченката, пржниот сусам и краставичките па зачинуваме. Мешаме со лажица. Со овој фил ја мачкаме омекнатата обланда и ја виткаме во ролат. Ролатот се затвара добро со целофан и се остава да отстои околу два часа да се стегне.
Можете да декорирате со кечап.
Сечете замрзнато.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови