
Ролат со тиква и ореви
Во просеаното брашно ставете сув квасец, сол и шеќер, промешајте. Додајте јајце, топло млеко и тестото. Оставете го да стаса.
Тиквата излупете ја и изрендајте ја, ставете ја во тавче, додајте 50 мл вода, шеќер и ванила, поварете малку додека не испари вода. Оревите ситно исечете ги со нож или изблендирајте на блендер само не многу ситно и додајте ги во тиквата.
Стасаното тесто рассукајте го, врз него рамно расподелете од филот и завиткајте во ролат. Ролатот ставете го во тепсија и оставете го 15 минути.
Печете го ролатот во загреана рерна на 250 степени 35 минути.
Готовиот ролат наросете го со шеќер во прав.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани