Ролат со готови кори
1. Најпрво се пропржува кромидот (празот) на малку зејтин, се додава меленото месо и се продинстува 10-15 мин.Зачинете по желба и оставете малку да се подолади.
2. Јајцата и зејтинот убаво се мешаат. Тие ни требаат за премачкување на корите.
3. Се земаат 3 кори и се ставаат една врз друга. Третата се премачкува со мешавината од јајца и зејтин. Овие три кори се ставаат на страна.
4. Секоја од останатите кори поединечно се премачкува со мешавината од јајца и зејтин на крајот се става фил и се витка како ролатче.Секое такво ролатче се реди врз првите три кори кои ни се оставени на страна. Се редат на крајот од корите за да се завитка на крај ролат.
5. Ролатчињата се редат како пирамида прво се ставаат 4 се премачкувааат, потоа 3 и тие се премачкуваат, потоа 2 и тие се премачкуваат и на крај едно и тоа премачкано и заедно со корите каде што се наредени се витка ролат.(ќе видите на сликата како изгледа за појасно)
6. Вака завитканиот ролат се премачкува со останатата мешавина од јајца и зејтин, се посипува со сусам и се става да се пече во загреана релна на 200 степени околу 30 мин.
7. Овој рецепт го пробав прв пат на слава кај моја пријателка и многу го бендисав, земав рецепт и сега е во омилените јадења по дома. Трпи измени во филот и со што и да го направите е премногу вкусен .
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Дефинитивно е одличен нема некој што не го бендисал
kako da razberamkazi mi.Znaci dobar e receptot ama ne e vo red da se postira posto e na Pavlovska.
Kako i da e nema potreba od ubeduvanje.Od start se pocna taka od coolinarika pa od coolinarika .Najdobro e urednistvoto vo kriteriumi da pise:
PRED DA STAVITE RECEPT OVDE PROVERETE DALI GO IMA NA COOLINARIKA.
Taka najarno ke bide
Значи, како прво и спрема правилата на сајтот колку ми се мене познати, секој кој ќе направи рецепт, со своја слика и објаснение, а не е објавен тука во мои рецепти е нормално и дозволено и нема што да се спори. Затоа и постои странава како начин на споделuвање и размена на испробани рецепти од самиот автор на постот. Тој е автор на овој пост, но не и сопственик на рецептот. За да е некој сопственик на некој рецепт треба да си патентира авторски права и дозвола за користење по закон. Но, ова е народен сајт со рецепти од народот кои споделуваат помеѓу себе со своите готвачки искуства. Ретко кој си направил свој рецепт и пак тој го споделил и ако е успешен, веќе е применет од поголема маса на луѓе и мислам со тоа треба да си се гордее. Повеќето рецепти ги имаме во своите бележници и тие превземени од роднини или пријатели, или пријатели на пријатели. Сега со модернава технолохија и интернетот имаме прилика и од други сајтови да испобаме нешто ново. И секој кој извадил рецепт некаде, значи дека го споделил и за други да го користат, нели тоа и е целата на ваквите сајтови?
Во овој случај, колку знам јас Милица не е членка на дотичниот сајт, каде ете, Павлоска го имала истиот рецепт. Можеби го има од друго место, како што и Павлоска пред да го постира таму го имала од некој добиено, претпоставувам. Толку за правилата на сајтот и моето мислење.
Е, сега вон правилата,моето мислење продолжува по морална етика на тоа што Лилјана реагира. Со обзир дека на дотичниот сајт има и од тука членки, значи човечки е да не се земааат рецептите од членките кои се тука. Иако претпоставувам дека некои таму се и по подолго време и за тоа време постирале повеќе рецепти, сепак за да не ви биди криво гледајте ставете си ги барем поомилените тука-ова како мој совет до вас, секако со добра намера. Но, пак ќе кажам. Ненамерно можи да се случи некој кој не е член и на тој сајт и не го посетува да постира рецепт сличен на вашиот и не смее да има бунт, затоа што ако не е намерно ставен од таму(прецизно од вашите), можеби го има од друго место и од каде да знае вие какви рецепти сте поставиле...
Значи, за крај сите ве замолувам давајте критики за рецептот и не мешајте острини кои можат да доведат до спор, како во случајот. Сите сме тука да се дружиме и да научиме нешто и секако да ни е интересно, а не јас не пишувам - јас не пишувам. Секој рецепт кој е тука одобрен си има своја вредност, без разлика дали е брз или со денови се приготвува, дали е од 13 годишен или од 80 (пример велам). Човек учи додека е жив и од 5 годишно дете ќе научи, а искуството и праксата на постарите секако е ценета. Тука секој со волја сликал, приготвил и постирал и секој треба да се цени, јас така мислам... 100 сатот е па ако ја отупев многу со моето мислење се извинувам и ако ненамерно не се изразив салам.
И сега, сакам двете овде јавно да се поздравите и да си продолжиме како што си бевме ;) - и да не чујам и едната и другата да сте ме лишиле од вашите рецепти баш тука на оваа страница! Од срце ве поздравувам <3 Клара
имам еден предлог да ги префрлиме ваквите расправии на АУСПУХ во прашањата а овде да уживаме во прекрасните рецепти
не треба да се споредуваат сајтовите затоа сто секој е посебен цоолинарика е пренатрупана со рецепти и дајте овде нека се помалку ама да се подобри ,да ги размениме и дајте да ги пробаме. и да може да ги ставиме сликите од испробаните рецепти -тоа ќе бидат најаките оценки за рецептот
не дани не! :) :) :) :)
<a href="http://moirecepti.mk/questions/%D0%B0%D1%83%D1%81%D0%BF%D1%83%D1%85/" title="АУСПУХ" rel="nofollow">АУСПУХ</a> е моја измишљотина за да се зезаме, а клара кавгаџиката (цмок бре клариште) ви го утрапи <a href="http://moirecepti.mk/questions/%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%87%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%B8-%D0%B8-%D0%B6%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B8/" title="САНДАЧЕТО ЗА ПОПЛАКИ" rel="nofollow">САНДАЧЕТО ЗА ПОПЛАКИ</a>
еве тука
A muzika? Nema link za trubaci? Tortata ke ja ostavam za nekoj drug:)))
среќен роденден и чекаме слика од тортата ;)
испробано, вкусно и декоративно