Ролат со готови кори
Состојки
- 13 кори
- 4 јајца
- 150 мл зејтин
- 1 главица кромид (или еден струк праз)
- 600 гр мелено месо
- зачини по желба
Подготовка
1. Најпрво се пропржува кромидот (празот) на малку зејтин, се додава меленото месо и се продинстува 10-15 мин.Зачинете по желба и оставете малку да се подолади.
2. Јајцата и зејтинот убаво се мешаат. Тие ни требаат за премачкување на корите.
3. Се земаат 3 кори и се ставаат една врз друга. Третата се премачкува со мешавината од јајца и зејтин. Овие три кори се ставаат на страна.
4. Секоја од останатите кори поединечно се премачкува со мешавината од јајца и зејтин на крајот се става фил и се витка како ролатче.Секое такво ролатче се реди врз првите три кори кои ни се оставени на страна. Се редат на крајот од корите за да се завитка на крај ролат.
5. Ролатчињата се редат како пирамида прво се ставаат 4 се премачкувааат, потоа 3 и тие се премачкуваат, потоа 2 и тие се премачкуваат и на крај едно и тоа премачкано и заедно со корите каде што се наредени се витка ролат.(ќе видите на сликата како изгледа за појасно)
6. Вака завитканиот ролат се премачкува со останатата мешавина од јајца и зејтин, се посипува со сусам и се става да се пече во загреана релна на 200 степени околу 30 мин.
7. Овој рецепт го пробав прв пат на слава кај моја пријателка и многу го бендисав, земав рецепт и сега е во омилените јадења по дома. Трпи измени во филот и со што и да го направите е премногу вкусен .
Добар апетит