Тиквичката и морковот изрендајте подсолете и оставете да истече сокот.
Тиквичките исдедете, додајте јајца, брашно и павлака. Измешајте тесто и ставете во плех да се пече на температурата 200 степени 20 минути.
За фил
Стекот сварете го и исечете го на ситно. Во павлаката додајте рендано лукче, ситно сечен магдонос посолете, додајте црн пипер.
Тестото премачкајте го со павлака, врз него наредете пилешко месо и патлиџан сечен на коцки. Завиткајте го во ролат со помош на најлонска фолија. Ролатот ставете го во фриждер 1 час.
Готовиот ролат премачкајте го со павлака, украсете со парче патлиџан и магдонос.
Ролатот е многу вкусен и украсен, можете да си го спремите за вашите прослави.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани