Кој го сака циметот ова е идеален леб за него.
Во водата ставете го квасецот и оставете го 10 мин.
На страна измешајте ги шеќерот, јајцето, путерот и млекото (јас користев миксер)
Додајте го квасецот и пополека додавајте го брашното и мешајте додека не добиете убаво тесто. Миксајте уште додполнителни 5 мин. а може да месете и со раце.
Покријте го и оставете го да нарасне околу 1 час, може и 2.

Ставете го на работна површина и со помош на оклагија развлечете подебела кора, или зависи колку кругови од цимет сака да има лебот.

шеќеот и циметот измешајте ги, потурете одозгора на тестото, заролајте, и ставете ги во плех за печење.
Оставете го уште пола саат да нарасне.
Печете на 180 околу 40 мин.
Оставете да се излади и пресечете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови