Подготовка
Стекот го расплескуваме на потенки шницли. Не е потребно да се посолува или зачинува.
Пред да почнеме да го мотаме стекот во ролат ставаме една кришка тенко сечен кашкавал,
Ставаме сечкани маслинки и малку мешан зеленчук. Мотаме ролат го затвараме со чепкалка и врз секој ролат ставаме тенко сечена сланина. Во земјена тава ги ставаме ролатите ставаме малку масло и половина филџан вода. Печеме во загреана рерна 220 степени половина час.
По половина час ја вадиме тавата и ги полеваме ролатите со бешамел сос со печурки.

Подготовка на бешамел сос
Две-три лажици брашно пропржуваме на масло и постепено додаваме половина литар млеко додека не ја добиеме посакуваната густина. Во мојов случај во бешамелот додадов и печурки и зачинив со мешан зачин, бибер и малку оригано.
Врз сосот и ролатите ставаме повторно по едно парче кашкавал.
Допечуваме на 200степени уште половина час.
Ролатите ги комбинирав со домашно подготвено пире со малку пржена сланина.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани