Испечати

Ролати со стек, сланина и бешамел

Ролати со стек, сланина и бешамел

Состојки

  • 2 парчиња стек
  • 300 гр кашкавал
  • 100 гр сечкани маслинки
  • 100 гр мешан зеленчук
  • 300 гр сланина
  • бешамел сос
  • 2-3 лажици брашно
  • 200 мл млеко
  • 250 гр печурки
  • мешан зачин, бибер и оригано

Подготовка

Подготовка
Стекот го расплескуваме на потенки шницли. Не е потребно да се посолува или зачинува. Пред да почнеме да го мотаме стекот во ролат ставаме една кришка тенко сечен кашкавал. Ставаме сечкани маслинки и малку мешан зеленчук. Мотаме ролат го затвараме со чепкалка и врз секој ролат ставаме тенко сечена сланина. Во земјена тава ги ставаме ролатите ставаме малку масло и половина филџан вода. Печеме во загреана рерна 220 степени половина час. По половина час ја вадиме тавата и ги полеваме ролатите со бешамел сос со печурки.

Подготовка на бешамел сос
Две-три лажици брашно пропржуваме на масло и постепено додаваме половина литар млеко додека не ја добиеме посакуваната густина. Во мојов случај во бешамелот додадов и печурки и зачинив со мешан зачин, бибер и малку оригано. Врз сосот и ролатите ставаме повторно по едно парче кашкавал. Допечуваме на 200 степени уште половина час.
Ролатите ги комбинирав со домашно подготвено пире со малку пржена сланина.
На здравје!!!