Пралините и ролатите беа мојот десерт за Новогодишната ноќ. Кремот што ми остана мораше некако да се искористи, па ете бидна уште еден десерт. А вториот ролат е нешто налик на штрудла.

1. Урмите измелете ги на машина за мелење (или во блендер). Додадете помалку од половина од кокосот и убаво измесете да се соедини. Во кремот додадете го остатокот од кокосот и измешајте. На фолија расплескајте ја смесата да добиете што е можно потенка кора. Премачкајте со кремот и со помош на фолијата свиткајте ролат.
2. Во мелените урми додадете ги овесните снегулки и отприлика 50гр. сецкани ореви, кората од лимон, циметот и ванилата и измесете да се добие убава смеса. Јаболкото изреднајте го на крупната стрната, додадете ги останатите ореви и малку цимет и убаво соединете. Повторно на фолија расплескајте тенка кора и распоредете го филот од јаболка. Со кујнска салфетка притиснете од горе да се собере вишокот течност, па завиткајте ролат. Оставете ги ролатите во фрижидер да се стегнат и да се спојат вкусовите па пресечете и послужете.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани