Превкусна торта, направена со многу љубов за преубав повод.
Топло ви ја препорачувам....:)

Корите се спремаат стандардно.
Се матат белките во цврст шам со солта, шеќерот, ванилата. Се додава маслото, брашното помешано со пецивото и лешниците.
Се излева во намрсен плех со маргарин 32 на 39 цм.
Се печи во загреана рерна 20 мин. на 200 степени.
Кората кога ќе подолади се попрскува со млеко, со лажица, подеднакво низ цела површина.
Се прават три кори.

За филот со лешници, во дел од млекото се раствораат пудинзите и се соединува со изматените жолчки. Оваа смеса се додава во остатокот од млекото кое сме го зовреле со шеќерот и ванилите. Се вари на умерен оган, до потребната густина.
Се трга од оган и се остава да се излади со повремени промешувања или покриено со најлонска фолија, дирекно над пудингот.
За тоа време и мелените лешници се попаруваат со врелото млеко и се оставаат да се изладат.
Се матат маргарините и им се додава од пудингот лажица по лажица. Кога убаво ќе се соединат масите, им се додаваат попарените лешници и убаво уште еднаш се се‘ миксира за да се добие еднолична смеса. Потоа се додаваат кршените бисквити и сецканото чоколадо. Овој фил е готов.

За вториот фил исто во дел од млекото се раствораат пудинзите и се додаваат жолчките. 5 жолчки ќе ни останат и ќе си ги искористиме во нешто друго.
Таа смеса се додава во остатокот од млекото кое го зовриваме со шеќерот и ванилите. Се вари на умерен оган до потребната густина. Во жешко се додава чоколадото и се меша додека се стопи. Се остава да се излади.
Маргаринот се мати и се додава лажица по лажица од пудингот.
На крај се додават кршените Плазма бисквити. Се промешува и овој фил е готов.
Маргаринот пред матење да е на собна температура, а пудингот млак, за поубаво да се поврзат.

Финална постапка
Кора-прв фил-втор фил
кора-прв фил-втор фил
кора-прв фил и странично се премачкува со овој фил

Украсете по желба...кај мене е со фондан....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани