Испечати

Роденденска торта со лешници и бисквити

Роденденска торта со лешници и бисквити

Состојки

  • За пандиспања
  • 10 белки
  • прстофат сол
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 2 лажици масло
  • 1 пециво
  • 120 гр брашно
  • 60 гр крупно мелени лешници, поминати во нутрибулет
  • *Се прават три вакви кори.
  • За попрскување на пандиспања
  • 150 мл ладно млеко по кора
  • За фил со лешници-прв фил
  • 1 л млеко
  • 5 ванили
  • 400 гр шеќер
  • 4 пудинзи од ванила
  • 20 жолчки
  • 2 маргарини
  • 300 гр кршена Плазма бисквити
  • 300 гр сецкано млено чоколадо-орео
  • 400 гр фино мелени лешници
  • 200 мл врело млеко
  • За фил со чоколадо-втор фил
  • 500 мл млеко
  • 100 гр шеќер
  • 2 ванили
  • 5 жолчки
  • 2 пудинзи од ванила
  • 1 маргарин
  • 100 гр кршени Плазма бисквити
  • 240 гр млечно чоколадо

Подготовка

Превкусна торта, направена со многу љубов за преубав повод.
Топло ви ја препорачувам....:)
Корите се спремаат стандардно.
Се матат белките во цврст шам со солта, шеќерот, ванилата. Се додава маслото, брашното помешано со пецивото и лешниците.
Се излева во намрсен плех со маргарин 32х39 см.
Се печи во загреана рерна 20 мин. на 200 степени.
Кората кога ќе подолади се попрскува со млеко, со лажица, подеднакво низ цела површина.
Се прават три кори.
За филот со лешници, во дел од млекото се раствораат пудинзите и се соединува со изматените жолчки. Оваа смеса се додава во остатокот од млекото кое сме го зовреле со шеќерот и ванилите. Се вари на умерен оган, до потребната густина.
Се трга од оган и се остава да се излади со повремени промешувања или покриено со најлонска фолија, дирекно над пудингот.
За тоа време и мелените лешници се попаруваат со врелото млеко и се оставаат да се изладат.
Се матат маргарините и им се додава од пудингот лажица по лажица. Кога убаво ќе се соединат масите, им се додаваат попарените лешници и убаво уште еднаш се се‘ миксира за да се добие еднолична смеса. Потоа се додаваат кршените бисквити и сецканото чоколадо. Овој фил е готов.
За вториот фил исто во дел од млекото се раствораат пудинзите и се додаваат жолчките. 5 жолчки ќе ни останат и ќе си ги искористиме во нешто друго.
Таа смеса се додава во остатокот од млекото кое го зовриваме со шеќерот и ванилите. Се вари на умерен оган до потребната густина. Во жешко се додава чоколадото и се меша додека се стопи. Се остава да се излади.
Маргаринот се мати и се додава лажица по лажица од пудингот.
На крај се додават кршените Плазма бисквити. Се промешува и овој фил е готов.
Маргаринот пред матење да е на собна температура, а пудингот млак, за поубаво да се поврзат.
Финална постапка:
Кора-прв фил-втор фил
кора-прв фил-втор фил
кора-прв фил и странично се премачкува со овој фил
Украсете по желба...кај мене е со фондан....