Рибја чорба
По рецептот на татко ми пофален од сите кои пробале, од срце ја препорачувам. Како што си е редот во рецептите на супи и чорби, јас како стружанка ви подготвив рибја чорба.
1. Додека рибата се вари (потребно е еден час) ги сецкаме морковот, пашканот и лукот (на различни места).
2. Рибата се вади од водата (а тенџерето се остава на тивко). Се вади кожата и се чисти месото во малечки парчиња. Оставаме на страна.
3. Во загреано тавче, го ставаме маслиновото масло, се додава брашното и убаво се промешува на што се додава лукот. Се меша додека малку зарумени. Ваквата смеса се додава на водата.
4. Откако водата со запршката вари 15 мин., ги додаваме парчињата риба и исецканиот морков и пашканат. Се посолува и се вари уште 10 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ubava