Ваква риба можете да си направите за вашата слава или некои други свечености.
Рибата исчистете ја и измијте ја убаво.
Кожата извадете ја од месото, само оставаме глава и опашка. Кожата треба да ви биде цела.
Месото од рибата исчистете го од коските.
Лебот натопете го со вода.
1 јајце сварете.
Морковот обарете го малку.
Месото од рибата измелете го, лебот исцедете го и додајте во месото. Морковот, јајцето и пиперката исечете ги на ситни коцки и додајте во месото. Додајте едно јајце, ситно сечен магдонос, посолете, додајте сув зеленчук. Се' промешајте.
Кожата од риба наполнете ја со филот.
Ставете во тепсија, попрскајте со зејтин и ставете да се пече на 250 степени околу 1 час.
Испечената риба оставете ја да истине.
Истината риба пресечете ја на парчиња.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани