Испечати

Риба полнета (ролат од риба) - Украинска кујна

Риба полнета (ролат од риба) - Украинска кујна

Состојки

  • 1 голема риба
  • 2 јајца
  • 2 рибанки леб
  • 1 морков
  • 1 пиперка црвена

Подготовка

Ваква риба можете да си направите за вашата слава или некои други свечености. Рибата исчистете ја и измијте ја убаво. Кожата извадете ја од месото, само оставаме глава и опашка. Кожата треба да ви биде цела. Месото од рибата исчистете го од коските. Лебот натопете го со вода. 1 јајце сварете. Морковот обарете го малку. Месото од рибата измелете го, лебот исцедете го и додајте во месото. Морковот, јајцето и пиперката исечете ги на ситни коцки и додајте во месото. Додајте едно јајце, ситно сечен магдонос, посолете, додајте сув зеленчук. Се' промешајте. Кожата од риба наполнете ја со филот. Ставете во тепсија, попрскајте со зејтин и ставете да се пече на 250 степени околу 1 час. Испечената риба оставете ја да истине. Истината риба пресечете ја на парчиња. Добар апетит!