Риба погача полнета со риба
Го месиме тестото, во длабок сад ставаме млако подгреано млеко, го додаваме киселото млеко, маслото, ги кршиме јајцата, го ставаме квасецот, сол, шекерот и со брашното месиме средно тесто. Го ставаме да сташе еден час, а за тоа време го размесуваме два пати.
Подготвуваме полнење за погачата. Компирот и морковот треба да се сварат и изрендат, потоа на ситно ренде го рендаме и кромидот посолуваме и побиберуваме по вкус. Филетите ги миеме, на кујнска крпа ги цедиме од водата и потоа ги посолуваме . Стасаната погача ја делиме на 16 парчиња, а тие 16 ги делиме во 4 групи по 4. Во секоја група трите ги премачкуваме со маргарин и заклопуваме со четвртото. Од секое добиено парче развлекуваме кора во малку издолжен круг, не многу голем.
Постапката можете да ја видите на приложените фотографии. На средина ја ставате филетата риба малку одалечена од двете страни, одозгора ја премачкувате со кечап и ставате од смесата со морковот и компирот, ги нарезувате страните на погачата го правите обликот на рибата.
Вакви направени погачи ги редите во голем плек обложен со хартија за печење или премачкан со масло ги оставате да појдат, а потоа ги премачкувате со разматено јајце и печете во загреена релна на 220 срепени. Додека убаво да се зацрви, а потоа на 150 да се истишти .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови