Брза и без печење ресана торта со малини и лешници
Секое парче ресана се сече на 4 делови и се ставаат во длабок сад.
Млекото и путерот се ставаат во тенџере и се става на оган. Се меша додека путерот не се стопи целосно. Се трга од огнот и се остава да се излади.
Со изладеното млеко се поливаат ресаните и се додаваат лешниците (може и ореви, бадеми и сл.). Се меша внимателно со дрвена лажица или рака (како ви е позгодно) да не се издробат ресаните.
Смесата може да се оформи во каква сакате форма.
За декорација се подготвува шлагот во млеко, се премачкува тортата и врз тоа се додаваат малините. Подготвена се става во фрижидер да се зацврсти 2 часа.
* Може да се декорира и со едноставно рендање чоколадо врз неа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови