Редена салата со похован стек
1. Стекот измијте го, избришете го со кујнска хартија па исчукајте го. Посолете со сол и црн бибер. На страна изматете јајце и ставете го стекот да постои премачкан од сите страни.
2. Маслото загрејте го, а стекот намачкан во лебни трошки префрлете го во тавчете за пржење. Готовиот стек вадете го на кујнска хартија, да ја упие мрснотијата.
3. Киноата сварете ја и исцедете ја. Останатиот зеленчук исецкајте во на големина која вие ја посакувате. Морковото сварете го. Јас го ставив во апратот за јајца, па го направив на пареа. Пилешкиот стек исечете го на парчиња колку за еден залак.
Промешајте ги состојките и зачинете со сол и црн бибер. Јас масло не ставив.
Сметав дека е доволно од похованиот стек. Но ако вие сакате додајте си.
Нека ви е на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови