Рачели - слатко од тиква и начин на подготовка на гасена вар
1. Најтешкиот дел ми е сечењето на тиквата која има дебела кора. Правев од голема жолто -портокалова тиква. Се сечат на парчиња и се ставаат во варова вода.
2. Купив од пазар 2 грутки вар (се продаваат на парчиња). Ги ставив во голема вангла и ги полив со ладна вода. Варта ќе почне да врие, но не е страшно само со дрвена лажица долга ја мешав и ја оставив така да се смири околу 30 мин. Ќе се сталожи варта и ја прецедувам. Во исцедената вода се ставаат парчињата тиква и се оставаат да постојат околу 3 часа. Потоа се цеди водата и се мие убаво тиквата.
3. Во длабока тава се става шеќерот и водата колку да се покрие шеќерот.
Врие шербетот околу 20мин и потоа се додаваат парчињата тиква. Се вари околу 2 саати на умерено. Кога ќе се згусни слаткото се додава сокот од лимон, сувото грозје и ванилите. Се вари уште 20мин и се покрива со влажна платнена салфета и се остава да олади. Се собира во суви чисти тегли.
4. Јас секогаш теглите ги вакумирам во загреана рерна 10мин па исклучувам и ги оставам капаците од теглите да се вакумираат. Слаткото е број 1.
По кумановски Рчељ...само што ние го подготвуваме со свежо грозје без семки и со оревчиња!