Најпрво го подготвуваме шербетот.
Ставаме да врие шеќерот и водата вариме 10 минути. Откога ќе зоврие на крај од варењето ставаме неколку капки лимон. Кој не сака може да го избегне.

Потоа ја подготвуваме кората.
Ги матиме јајцата и шеќерот. Кога се готови го додаваме јогуртот и маслото промешуваме малку и го додаваме гризот и брашното просеано со пецивото. Мешаме се заедно да се соединат состојките. Во тавче 25х30 намрсено и побрашнето. Ја сипуваме половина од смесата за кора израмнуваме и печеме на 180 степени проверувајки со чепкалка кога е печено.

За тоа време ги подотвуваме состојките за крем. Кога ќе го извадиме тестото од рерна почнуваме со потготовка на кремот.
Ја ставаме половината од млекото да зоврие со шеќерот во другата половина го ставаме брашното, густинот и јајцете матиме да се соединат состојките и ги додаваме во врелото млеко вариме густ крем.
Топлиот крем го оставаме 5 минути да олади, го ставаме врз печената кора и  израмнуваме. Врз кремот ја додаваме другата половина од кората, израмнуваме и враќаме во рерна повторно да се испече. Повторно проверуваме со чепкалка кога е печено. Ја вадиме тортата од рерна ја одтаваме 10 минути да олади, ја сечеме и полеваме со шербет. Потоа ја оставаме тортата добро да се олади и можеме да ја конзумираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови