Малку да смениме, да не ни биде еднолична подготовката на пржени пилешки гради. Овој пат решив да го пржам стекот во путер, а да го валкам во бадеми. Многу вкусно, сочно и крцкаво, треба да пробате...

Подготовка
1. Во зависнот од дебелината на пилешките гради, ги сечеме по должина. Може и да ги расплескате со алатка.
2. Јајцата ги разматуваме заедно со зачините.
3. Лебните трошки, сусамот и бадемите ги соединуваме.
4. Ставаме путер да ни се загрее во тавата.
5. Стекот го валкаме прво во јајца, па во сувата смеса со бадеми.
6. Го пржиме на умерена температура. Кога ќе поцрвени од едната страна го превртуваме да се пржи од другата страна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани