Испечати

Путер пилешки гради со бадеми

Путер пилешки гради со бадеми

Состојки

  • 200 гр путер
  • 500 гр пилешки стек (гради)
  • 2 јајца
  • 50-100 гр лебни трошки
  • 50-100 гр сечкани лупени бадеми
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • ½ лажичка куркума
  • 2 лажици сусам
  • Други зачини по вкус

Подготовка

Малку да смениме, да не ни биде еднолична подготовката на пржени пилешки гради. Овој пат го пржам стекот во путер, а да го валкам во бадеми. Многу вкусно, сочно и крцкаво, треба да пробате...
Подготовка
Во зависнот од дебелината на пилешките гради, ги сечеме по должина.  Јајцата ги матиме со зачините. Лебните трошки, сусамот и бадемите ги соединуваме. Ставаме путер да ни се загрее во тавата. Стекот го валкаме прво во јајца, па во сувата смеса со бадеми. Го пржиме на умерена температура. Кога ќе поцрвени од едната го превртуваме да се пржи од другата страна.