Путер колач со вишни
Квасецот измешајте го со шеќерот и водата додека се растопи. Јајцата, млекото, ексртактот од ванила и путерот измешајте ги заедно. Во еден длабок сад ставете го брашното и солта, додадете ги течните состојки и квасецот и матете со миксер околу 5-7 мин. со спиралните маталки. Тестото е многу меко и лепливо. Покријте со крпа и оставете 1 час да стасува.
Во подлабок плех од рерна ставете хартија за печење. Тестото распоредете го врз хартијата и оставете го покриено со крпа 15 мин да одмори. Исцедените вишни (од компот или одмрзнати) распоредете ги врз тестото. Благо притиснете ги во тестото. Путерот искинете ги на мали парченца и него распоредете го врз тестото. Нанесете ги ливчињата бадеми и одозгора напрскајте со шеќерот измешан со бурбон ванила шеќер. Се пече 35-40 мин на 190 степени во претходно загреана рерна.
Кога ќе се испече веднаш напрскајте го колачот со слатката павлака и оставете да излади па сечете парчиња.