Пуслици со крем од вишни
За пуслиците
Се матат белките со половина од шеќерот во прав, кога снегот ќе стане густ се додава останатиот шеќер и се мати се додека шеќерот убаво да се растопи.
Подготвената смеса се става со шприц и се истискуваат кругчиња во тавче обложено со хартија за печење.
Се сушат на околу 100 степени повеќе од еден саат, тоа сами ќе го утврдите печењето со проверка дали внатрешниот дел на пуслиците е исушен.
За филот од вишни
Јас користев замрзнати вишни. Најпрво се одмрзнаа ја исцедив водата кога се одмрзнаа. Потоа ги изблендирав. И повторно низ цедалка ја исцедив целата течност. Треба да остане всушност само густа каша од вишните.
Слатката павлака се мати додека да ја добие потребната густина и во неа се додава кашата од вишни, се промешува до изедначување.
Потоа се лепат две со две пуслици, каде што кремот може да се става со помош на шприц за поубаво да изгледа.
Друга интересна варијанта е да се стопи чоколада и долниот дел од пуслиците да се брцнат во чоколадата и се ставаат на решетка за да се исцеди вишокот чоколадо и се лепат истотака две со две со крем од вишни во средина.
И во двата случаја колачињата се многу вкусни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови