Пудинг десерт со боровинки
Благодарение на прекраснава тема со пудинзи, првпат правев вакви десерти во чаша, варијации има секакви и секој може да си ги прилагоди на својот вкус. Ем брзи, ем лични, ем превкусни.
Измешајте ги бисквитите, оревите и сокот и ставете во 4 чаши.
Пригответе ги пудинзите прво едниот, па по неколку минути другиот. Нанесете прво еден слој од кафениот пудинг, оставете неколку минути да се стврдни, па потоа нанесете го другиот слој.
Пригответе го преливот од боровинки, сварете ги боровинките со шеќерот и водата 10тина минути. Густинот додадете го на крај претходно растворајки го во 25 мл ладна вода, додадете го и лимоновиот сок и измешајте и ставете по 2-3 лажици одозгора. Може да користите и готово слатко од боровинки, јас такво имав и такво ставив.
Оставете да се изладат убаво па консумирајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови