Брзи, вкусни, ефтини...пудинг коцки кои се спремаат за половина час. Најдобро е да се направат од вечер, за наредниот ден да бидат омекнати бисквитите и да можете да се сладите во овој едноставно вкусен десерт.

Подготовка -
1. Најпрво во дел од млекото се раствораат пудинзите, а остатокот од млекото се става во тенџере на тивок огaн заедно со шеќерот. Го додаваме и растворениот пудинг (јас преку цедалка за секој случај да нема грутки) и го вариме пудингот. Кога ќе се свари го додаваме маргаринот, мешаме да се стопи, па го додаваме и еурокремот, истотака промешуваме да се стопи и го тргаме настрана.
2. Во соодветен сад на дното редиме 10 бисквити (јас во 2 реда по 5 бисквити) брцнати во млако млеко, па ставаме од жешкиот пудинг неколку кутлачи (околу 1/3 од вкупната количина). Пак ставаме 10 бисквити претходно брцнати во млеко, па од пудингот...завршуваме со уште еден ред од бисквити, па останатиот пудинг.
3. За да не фати кора, јас ставив веднаш чоколадни мрвици (може кокос, шарени мрвици). Оставаме цела ноќ да омекнат бисквитите, па наредниот ден може да се дегустира.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани