Проја со палента
Кога си млад и заборавен секакви грешки се случуваат, па така во брзање наместо пченкарно брашно сум си напазарила палента. Имав голема желба за проја неколку недели па решив и покрај грешката да не се откажувам и да експериментирам, комбинирајќи неколку рецепти.
Експериментот излезе и повеќе од успешен и сите мешиња задоволни.
Јајцата, маслото и јогуртот се мешаат со жица за матење. На страна се комбинираат брашното, палентата и пецивото.
Се додаваат на смесата со јајца и се меша се заедно.
Ги додаваме исечканите сирење и сушени домати.
Садот за печење го намастуваме со маргарин и посипуваме од лененото семе, сусам, ким и црното семе да се прекрие површината и ја префрламе пројата.
Измазнуваме со шпатула и печеме на 180 степени, последните 5 мин на 200 степени.
Ја вадиме од рерната и ја оставаме неколку минути. Потоа ја превртуваме на чинија и сервираме.
Превкусна, одлична за појадок, ужинка или додаток на мезе.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мене сама по себе парче проја (двете од сликава) ми беше одлична за доручек.
Следниот пат дефинитивно внатре ќе влета и малку копар и оригано :)