Испечати

Проја со палента

Проја со палента

Состојки

  • 300 грама бело брашно
  • 120 грама палента
  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл масло
  • 1/2 прашок за пециво
  • 100 грама сирење

Подготовка

Кога си млад и заборавен секакви грешки се случуваат, па така во брзање наместо пченкарно брашно сум си напазарила палента. Имав голема желба за проја неколку недели па решив и покрај грешката да не се откажувам и да експериментирам, комбинирајќи неколку рецепти.
Експериментот излезе и повеќе од успешен и сите мешиња задоволни.

Јајцата, маслото и јогуртот се мешаат со жица за матење. На страна се комбинираат брашното, палентата и пецивото.
Се додаваат на смесата со јајца и се меша се заедно.
Ги додаваме исечканите сирење и сушени домати.
Садот за печење го намастуваме со маргарин и посипуваме од лененото семе, сусам, ким и црното семе да се прекрие површината и ја префрламе пројата.
Измазнуваме со шпатула и печеме на 180 степени, последните 5 мин на 200 степени.
Ја вадиме од рерната и ја оставаме неколку минути. Потоа ја превртуваме на чинија и сервираме.

Превкусна, одлична за појадок, ужинка или додаток на мезе.