Обично ние не го милуваме баш вкусот на пченкарното брашно, но ова беше еден од исклучоците. Ни се допадна многу и вкусот и структурата. Штета што немав во моментот спанаќ, па правев замена со говедска печеница, визуелниот ефект особено ќе беше многу подобар. Во план ми е скоро да ја правам додека имам спанаќ доколку времето ми дозволи, па ако успеам сега или во догледно време, ќе менуваме насловна фотка

1. Јајцата убаво се матат со прстофат шеќер. Потоа се додаваат водените состојки, па сувите. На крај се додава дробеното сирење и спанаќот.

2. Смесата се истура во тава 20х30 или во калап за векна, како милувате, се посипува по желба со семиња и се печи на 180С 20-30мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови