Прополис капки
Прополисот има многу позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Тој е многу богат производ во однос на неговите придобивки. Покрај неговите антибактериски, антивирусни, антифунгални и антиинфламаторни содржини, познато е дека има превентивни и терапевтски својства за многу различни заболувања.
Подготовката на Прополис капките е на следниот начин -
- Парчето прополис се замрзнува, со цел да можете комплетно да го изрендате. Се ренда на поситната страна од рендето. Се додава и алкохолот, кој мора да биде барем 70% (послаб не, бидејки во спротивно нема да се раствори прополисот). Добиената смеса се чува во стаклен и темен сад. Првите 2 дена не го мешаме, потоа се промешува со клацкање на шишето...но не многу силно, со цел да не се прави како пена. После 10-на дена се процедува растворот и е спремен за употреба ( за возрасни )
Најчесто се употребува надворешно и орално. Се ставаат 15-20 капки на коцка шеќер и се држи во устата додека прополисот не се апсорбира.
Забелешка - чувајте го на темно место. Доколку сте алергични на мед и пчелини производи не ги конзумирајте овие капки.
Наведените дози може да се сменат, но притоа внимавајте на соодносот, кој треба да биде 3 спрема 1 (3 дела на алкохол, 1 дел на прополис)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови