Штета би било да не се искористат богатствата што ги дава природата во пролет. Младата коприва, младиот штавеј, киселецот, пожелно е да се се почесто на нашата трпеза во ова време. Ова е една чорбичка која често ја приготвувам и да напоменам дека е многу убава кога е ладна, освежителна е.

Подготвока:
1. Копривата измиете ја, исечкајте ја наситно и попарете ја со врела вода.
2. Киселецот ситно исечкајте го, кромитчето и лукчето исто така и ставете ги на малку масло да се запржат.
3. Додајте ја и исцедената коприва, потпржете ја смесата кратко време, додајте го оризот и ставете вода. Количината на вода е во зависност од тоа колку сакате да ви биде густа чорбичката. Зачинете и оставете да се вари,  отприлика половина час.
4. Одвојте дел од течноста од чорбата, изладете ја и во неа измешајте го киселото млеко и јајцето. Вратете ја течноста назад во чорбата, пополека, во тенок млаз, а цело време енергично мешајќи. Чорбата е готова.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови