Припрема
- Штафелот и киселецот исечете на едро.
- Компирот излупете го и исецкајте на мали коцки.
- Растворете го буљонот во 1200 мл. млака вода.
- Кромидот и лукот исецкајте ги, ставете да се пржат на зејтин или путер додека омекнат.
- Додадете брашното и продолжете да пржете за кратко време, додадете го буљонот, компирот, овкусете на вкус и нека се вари 20 мин.
- Додадете го штафелот и киселецот, ако мислите дека е премногу густо додајте уште 200 мл. вода (но мислам дека нема потреба ако варите на тивко). Нека вари уште околу 15 мин.
- Додадете ја павлаката, само нека проврие колку да се спојат состојките, тргнете настрана.
Можете да при служењето да во секој тањир ставите и ситно сецкано тврдо сирење
Забелешка
Доколку немате во моментот павлака за готвење слободно заменете ја со изматена 1 жолчка во 150 гр. кисела павлака и 50 мл. пресно млеко. Одлична замена е.
Сигурно знаете како тоа се прави - јас ја матам жолчката со павлаката и млекото, ставам малку сок од лимон во неа, па полека во неа додавам од топлата чорба, измешам, па дури тогаш ја ставам целта во тенџерето. Ова вака го работиме за да не се свари жолчката на конци да стане, туку да си остане кремасто.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани