Цветовите од тиквички многу внимателно измијте ги и извадете им го толчникот, од внатре.
Во сад измешајте ги урдата, лукот, солта, биберот и измешајте убаво да се соедини филот. Со овој фил наполнете ги цветовите (по 1 лажиче) и со ливчињата затворете го цветот.
Во друг сад, ставете ги брашното и водата и измешајте. Во оваа смеса брцкајте ги цветовите и ставајте ги да се пржат во сад со загреано масло.
Пржете кратко, додека да фатат боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови