Испечати

Пржени цветови од тиквички

Пржени цветови од тиквички

Состојки

  • 4-5 цветови од тиквички
  • 200 гр урда
  • 2 чешниња лук, истолчени
  • 100 гр брашно
  • 100 мл ладна вода

Подготовка

Цветовите од тиквички многу внимателно измијте ги и извадете им го толчникот, од внатре. Во сад измешајте ги урдата, лукот, солта, биберот и измешајте убаво да се соедини филот. Со овој фил наполнете ги цветовите (по 1 лажиче) и со ливчињата затворете го цветот. Во друг сад, ставете ги брашното и водата и измешајте. Во оваа смеса брцкајте ги цветовите и ставајте ги да се пржат во сад со загреано масло. Пржете кратко, додека да фатат боја.