Пржени туршија пиперки
Да ги искористиме пиперките од туршија. Се сетив на еден стар рецепт кој многу одамна баба ми ми го спремаше. Пиперките од туршија ги сецкаше на ситни парчиња, па ги запржуваше на свинска маст.
Така направив и јас.
Ги запржив добро со една лажица свинска маст и ги посолив, но не многу, затоа што тие имаат солен вкус. Додадов и кисели феферонки. Откако се готови им скршив јајце па ги за промешав.
Вкусот на пиперките помешани со свинската маст беше одличен.
Пикантната нота, која ја дадоа фефеонките дополнително ми го направи јадењето преубаво. Не е нешто новитет, но како предлог сакав да го поставам овде.
Во трка со новите современи рецепти, малку ги подзаборавивме и оние нашите традиционалните.
Нека ни е на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Majka mi stava i cadeno meso so slaninki, nekogas cvarki, nekogas samo jajca.
Mi nedostiga ova jadenje. Go obozavam. Na zdravje da vi e.
Сега дури пишувам како да го осекам солениот и кисел вкус на туршијата во устата хехе
Мене многу ми се убави овие едноставни и стари рецепти.