Испечати

Пржени туршија пиперки

Пржени туршија пиперки

Состојки

  • 1 тегла пиперки од туршија
  • 4-5 феферонки лути
  • 3 јајца
  • 1лажица свинска маст

Подготовка

Да ги искористиме пиперките од туршија. Се сетив на еден стар рецепт кој многу одамна баба ми ми го спремаше. Пиперките од туршија ги сецкаше на ситни парчиња, па ги запржуваше на свинска маст.
Така направив и јас.
Ги запржив добро со една лажица свинска маст и ги посолив, но не многу, затоа што тие имаат солен вкус. Додадов и кисели феферонки. Откако се готови им скршив јајце па ги за промешав.

Вкусот на пиперките помешани со свинската маст беше одличен.
Пикантната нота, која ја дадоа фефеонките дополнително ми го направи јадењето преубаво. Не е нешто новитет, но како предлог сакав да го поставам овде.

Во трка со новите современи рецепти, малку ги подзаборавивме и оние нашите традиционалните.

Нека ни е на здравје.