Еве сум пак јас со моите тиквички, ќе ви здосадам веќе, ама ќе ме трпите...
Би сакала да ви прикажам овој рецепт кој и не е рецепт, слободно може да оди во групата на анти-рецепти, овде фактички ќе пишувам за постапката и тоа ќе ви предложам два начина кои се разликуваат од стандрадните, еве за што се однесува, читајте...
ПОСТАПКА 1
- Нелупени тиквичките исечете ги во форма која ја сакате вие, ставете ги во многу ладна вода која е потребно да ги облие. Додадете сол на вкус, сув зеченчук и бибер. Нека одстојат 2 часа.
- Извадете ги во цедалка тиквичките, ставете во кеса пченкарно брашно, ставајте од тиквичките во него, затресете го како би се залепило брашното за тиквичките, а за тоа време веќе сте ставиле да се грее зејтинот. Вадете од кесата, малку истресете ги тиквичките да падне вишокот од брашното - пржете. Крцкави се.... не впиваат зејтин како кога ги пржиме вообичаено.
ПОСТАПКА 2
- Исечете ги тиквичките во форма која ја сакате вие, осолете ги, повторете ја постапката со валкањето на тиквичките во пченкарно брашно. Во чинија или друг сад кој одговара за намената - ставете ладна вода, секоја тиквичка вадете ја од кесата, ставете во ладната вода, вадете и ставате веднаш да се пржат во веќе загреаниот зејтин. И на овој начин крцкави тиквичките, не впиваат зејтин.
Од мене толку, останува на вас да си ја задоволите радозналоста и да видите што тоа јас сега ви предложив.

Напомена- напишав 2-3 тиквички колку да ги исполнам критериумите за пишување на рецептот, се е произволно, колку сакате - толку ке си приготвите. Како што кажав - не е рецепт, туку начин како да се приготват.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани