Пржени пирошки со мелено месо
1. Растворете го квасецот во јогуртот и замесете тесто од брашното, солта, јајцето и оставите да стаса.
2. Измесето го меленото месо во кое сте го додале ренданиот кромид, осолете го, зачинето го и поделете го на мали топчиња - ќофтиња.
3. Стасаното тесто поделете го на еднаков број топчиња со еднаква големина колку што имате од месото, со раката сплескајте ја за да добиете коричка округла или со сукалка тоа направете го, ставете на средината едно топче и соберете ги рабовите на коричката околу месото истовремено фалтајки го. На средината ќе ви остане празнина.
Додека целото тоа вие сте го спремале, првите веке се стасани за пржење.
4. Пржете ги на тивок оган во малку поголема количина на зејтин - така што прво ќе ги поставите со отворот надоле, па потоа обрнете ги. Додека се пржат со лажица црпете помалку од зејтинот и ставајте во отворот - ова за да се испржи убаво месото и од внат
Впрочем, погледнете ја постапката на фотографијата.
Лиценца: Сите права се задржани
сакаш да ме посвоиш? многу ќе те сакам. како кутре ќе трчкам окулу тебе, само ти готви ми вака :) :) :) :)
јас убаво се подместив за посвојување. во пакет со мене доаѓа и <a href="http://moirecepti.mk/members/martin/profile/" title="ШЕЌЕРКО" rel="nofollow">ШЕЌЕРКО</a> и наше младунче. си знам јас што правам :) :) :) :)