1
јул
2013
Пржени пиперки со сирење и јајца
Пиперките измијте ги,отстранете ја дршкта и семките.
Исечете ги на ленти па на коцки на големина која ви одговара.
Загрејте тава со масло, кога е загреано ставете ги пиперкитe, пржете ги додека омекнат околу 15 мин..
Кога омекнале ставете ги претходно разматени јајца, пржете да се испржат јајцата, на крајот додајте го раздробеното сирење и сол, пржете уште малку, тргнете од оган и послужете.
Рецептот може да се подготвува и со печени пиперки, зелени, црвени, какви било.
Рецептот може да се подготвува во Делимано 8 во 1 пекачот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А кој сака мора и да прави... :))