Пржена туршија со јајца
Ова е еден стар рецепт кој има посебен шмек, а истовремено е и корисен. Преостанатата туршија може да се искористи или барем дел од неа и да се добие вкусен освежувачки оброк за летниов период. Можеби звучи чудно но верувајте има прекрасен вкус-се разбира за оние кои сакаат туршија.
Се зема една тегла од барени или пеглани црвени пиперки и се мијат пиперките-се плакнат под вода. Се сечат на парчиња и се ставаат во тава на оган да се пржат. Се пржат подолго време околу 30 минути, а потоа им се додава и лукче по вкус. На крај се додаваат изматени јајца, се пропржува смесата и се сервира со некое месо, колбаси или пак најобичен компир.
Овде во овој рецепт е барена црвена пиперка, но мојот татко секогаш пржеше сурова туршија и тоа беше навистина убава шарена порција (морков,карфиол,пиперка,зелени домати)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела