Мој производ, домашно кравјо сирење, го правев од поодамна, сега дојде редот да го споделам рецептот, можеби на на некој ќе му се најди ...))))

Во однос на мајата на 5 л. млеко 1 лажица супена маја...јас имав 17л. ставив 4, а можи беа и 18л.бидејќи тенџерето толку ми собира, прецизно не го измерив тогаш...ова како забелешка.....

На свежо, неварено кравско млеко, затоплено на т од 37 степени, бидејќи се лади додека го цедам, му ја ставам мајата,растворена во малку ладна вода.
Убаво се промешува, се покрива со повеќе покривки и стои на топло, додека се фати, потсири 2-3 часа.

Потоа го кршам за да се оцвичи, ја пушти сурутката - цвикот. Тоа се прави со голема решеткаста лажица во неколку покрети, како да се цртаат 12 квадрати, ете така некако да опишам, на фотките се гледа појасно.Стои уште 30 мин..

Се цеди.
После неколку часа, 3-4 , го пресовам, му ставам тешко одозгора и така стои уште 5-6 часа.Пред да се стави нешто тешко одозгора, можи, а и не мора да се раздроби сирењето, па убаво да се обликова во цедилото, стегни.Или можи само да се обликова, израмни.

Се сечи, се соли со крупна сол и се остава во тепсија така да стои преку ноќ.(Обично го потсирувам од сабајле.)

Утрото се реди во кантичка и се налева со цвик да го покрива и се притиснува.Сол се става на дното од кантето и меѓу секој ред сирење.

На здравје!

*Од 7л. млеко излегува отприлика 1 кг. сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани