Малку подолго за подготовка, но вреди секој чекор од подготовката. Резултатот беше празно тавче на едно седнување и тоа после ручек. Како мезе го смезнавме =))

На почеток ставете ги компирите да се варат. Јас ги варам излупени и исецкани на ситни делови, побрзо да се сварат. Испасирајте ги кога ќе бидат готови. Не мора идеално, може да останат мали парчиња, нема да пречат воопшто.
Додека компирите се варат, кромидот ситно исецкајте го и запржете го на малку масло додека да зарумени. Оставете го да се олади.

Сите состојки за тестото измешајте ги во еден сад. Доколку сакате тестото можете да го направите посуво да се сука со сукало или може да е помеко, повлажно и да го нанесете со намастени раце.
Овој пат јас го нанесував со намастени раце.
Ставете го на средината на тавчето во кое ќе печете. Доколку користите Делимано нема потреба од намастување или хартија за печење. Јас печев во тавчето од рерна, па работев со хартија за печење.
Тестото полека притискајте го кон краевите на тавчето се додека не го нанесете на целата површина.

Карфиолот исецкајте го или искршетео го на мали цветчиња. Нанесете го рамномерно по целата површина на тестото. Нанесете го и дробеното сирење, солта, шеќерот, биберот и провансалската мешавина. Користев од домашната провансалска мешавина, за рецептот КЛИКНЕТЕ ОВДЕ.

Во сад убаво изматете ги јајцата, додадете ги сенфот и киселото млеко и на крај соединете ја смесата со варениот компир и пржениот кромид. Мешајте убаво да се изедначи и прелејте ја преку карфиолот.

Печете во загреана рерна на 200 степени 20-30 мин додека да зарумени тестото.

Доколку сакате можете да користите готово тесто за пица.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани