Често купувам прелив за салати. Го обожавам во комбинација со салата, авокадо и рукола. Така еднаш во недостиг на прелив, решив да си направам дома. И навистина, направив превкусен прелив, кој од тогаш, па наваму, секогаш го користам и во мешани салати, како на сликата. Припремата е многу едноставна со тоа што јас сум во предност, зашто скоро секогаш имам густо макало од лук во фрижидерот. Ако немате, во замена можи да ставите толчен лук и растопен путер. Дозата е за една поголема салата.

Подготовка:

1. Едноставно измешајте ги сите состојки, додека не се изедначи смесата и прелејте ја вашата салата.

2. За шмек, додавам и потпечен сусам или потпечени семиња, кои одлично се лепат на преливот и го збогатуваат вкусот.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови