1. Шпагетите се варат, се плакнат со ладна вода, се оставаат малку да се оладат и се сечат на помали парчиња
2. Сусамот се потпекува малку ( за подобар вкус)
3. Мешавината од морков, грашок и пченка се обарува
4. Киселите корнишони и паризерот со качкавал се сечка на ситни коцкички
5. Варените јајца и кашкавалот се рендаат на покрупното ренде
6. Се додаваат зачините и мајонезот и се заедно се промешува
7. Добро се изладува предјадењето и се служи
Ова предјадење јас го подготвив за време на ракометарските натпревари на Македонија пред некој ден, но малку задоцнив со ставањето на рецептот. Пријатен апетит !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани