Испечати

Предјадење од шпагети

Предјадење од шпагети

Состојки

  • 200 гр шпагети
  • 4-5 кисели корнишони од туршија
  • 100 гр сусам
  • 4 варени јајца
  • 100 гр паризер со кашкавал
  • 150 гр млечен кашкавал
  • 200 гр мешавина (морков, грашок и пченка)
  • 300 гр мајонез
  • малку сол
  • малку мешан зачин

Подготовка

1. Шпагетите се варат, се плакнат со ладна вода, се оставаат малку да се оладат и се сечат на помали парчиња
2. Сусамот се потпекува малку ( за подобар вкус)
3. Мешавината од морков, грашок и пченка се обарува
4. Киселите корнишони и паризерот со качкавал се сечка на ситни коцкички
5. Варените јајца и кашкавалот се рендаат на покрупното ренде
6. Се додаваат зачините и мајонезот и се заедно се промешува
7. Добро се изладува предјадењето и се служи
Ова предјадење јас го подготвив за време на ракометарските натпревари на Македонија пред некој ден, но малку задоцнив со ставањето на рецептот. Пријатен апетит !!!